И ја исполнија долго посакувана желба: 102 годишна баба уапсена

Еди Симс од Сеинт Луис, на 102 години доживеа полицијата да и стави лисици на раце, откако изјавила желба дека сака да биде уапсена.

Таа никогаш немала проблем со полиција и апсењето и било на листата на работи кои сака да ги направи.

Полицајците одлучија да и ја исполнат желбата, па ја ставиле на задното седиште од возилото со лисици на рацете.

„Уживав, имав и лисици и се“, изјавила бабата.