Конечно вистината е откриена… Кајли Џенер роди девојче!
Реалити ѕвездата синоќа потврди дека била бремена и дека со нејзиното момче Тревис Скот добиле ќерка.
Кајли се породила на 1-ви февруари, 2018 во 16:43 часот, а на Инстаграм објави текст во кој се извинува што долго ги држела фановите во неизвесност.
Токму поради тоа што бременоста се држеше во тајност и ретко можеше да се забележи Кајли во јавност, таа направила видео од целиот тој период, кој го сподели на социјалните мрежи.
Во видеото ги има сите нејзини блиски луѓе и најубавите моменти низ кои таа поминала.