Каква тајна криеле Бекамови од својот син 13 години

Во новото интервју за “Wonderland magazine”, 17-годишниот син на Дејвид и Викторија, Бруклин Бекам, откри дека неговите родители својата огромна слава ја држеле во тајност целото негово детство.

“Не знаев дека се славни додека не наполнив 13 години. Се сеќавам на моментот кога сфатив, отидовме на фудбалски натпревар и луѓето го извикуваа името на татко ми. Навистина бев збунет”, изјави Бруклин.

Бруклин со целото семејство неодамна беше на скијање во Канада, каде ја скрши клучната коска.

бруклин бекам