Рок ѕвездата Мик Џегер стана татко по осми пат на 73-годишна возраст, а со неговата поубава половина, балерината Мелани Хемрик, на синот му дале многу необично име, Девор Октавијан Базил Џегер.
Името го открила ќерката на Мик, Елизабет Лизи Џегер, која на својот профил на Инстаграм објавила фотографија од малиот Девор со коментар: „Многу сум горда на мојот прекрасен мал брат Девор Октавијан Базил Џегер“.
Имињата коишто му ги дал на синот му се многу важни на Мик, бидејќи неговиот татко кој починал во 2006 година се викал Базил, а Октавијан на латински значи „роден осми“.
