Ким Кардашијан за малку ќе го пропуштеше „Денот на мајката“ оваа година поради работни обврски, но нејзиниот сопруг не моежеше да пројде преку тоа.
Драмата што се случуваше беше дел од последната епизода од реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“.

Кога дозна за работните планови на својата сопруга, 39-годишниот Кание јасно покажа дека е лут со изјавата: „Ќе не земеш со тебе, или не сакаш да си ги видиш децата и сопругот за Денот на мајката“.
Но, Ким не знаеше дека раперот има испланирано изненадување за неа.

Таа ги откажа работните обврски да биде со фамилијата, а беше разбудена со оркестар во нејзината дневна соба.
