На интервју со дедо денеска ја имаме убавата внучка Каролина, една од најпознатите пејачки во нашата земја.
Пејачката на дедо се занимава со музика уште од 11 години, а нејзиниот талент и прекрасниот глас и донесоа огромна слава.
Каролина ја претставуваше нашата земја на Евровизија и тоа двапати, а неодамна сними и дует со светската ѕвезда Џон Стоун што кажува за нејзинта огромна популарност.
Погледнете што раскажа внуката во интервјуто со дедо.

Дедо: Мила на дедо, во секоја земја каде што настапува, Џос Стоун одбира една ѕвезда и со неа прави преработка на песна.
Како дојде до соработката со тебе?
Каролина: Мил дедо од секогаш сум ја почитувала како уметник и многу бев среќна кога чув дека ќе настапува во Скопје, а секако беше потполно изненадување тоа што нејзините ги контактираа моите со информација дека Џос сакала да отпееме нешто заедно.
Дедо: Внуке зошто токму „Кој да ми запее“ решивте да ја испеете во дует?
Каролина: Искрено дедо не сакав да биде обична поп песна, сакав нешто специфично, нешто што ќе остави впечаток и сакав да биде таа песна затоа што е една од моите најдраги, до сега никој, никаде не останал рамнодушен на нејзе, ми беше мило кога сфатив дека и на Џос и се допаѓа како што се гледа и на видеото, одлично се снајде и со македонкиот јазик и со изведбата.
Дедо: Внучке знам дека од 2015-година започнаа твоите ангажмани како заштитно лице на брендот „Кожувчанка“, а од неодамна и „Синалко“.
Во неколку реченици како би ја опишала вашата соработка?
Каролина: Дедо секако за мене е задоволство да бидам со еден од најстарите и најетаблирани MK брендови, а од неодамна и на светскиот бренд Синалко.
Соработката е одлична, успешна, многу се забавуваме и додека снимаме затоа што сме екипа на стари другари кои и приватно се дружат долги години, така да со еден збор можам да кажам дека е вистинско уживање.

Дедо: Внучке „Синалко“ слават 111 години постоење, па кажи му на дедо кој вкус ти е омилен?
Каролина: Па да ти кажам дедо не би можела да издвојам еден, но кога би морала тоа е Sinalco Ice tea од праска кој и е омилен и на внука ми.
Дедо: Кажи ми внучке што е она што можеме да го очекуваме од тебе во иднина на музички план?
Каролина: Епа дедо наредната година ќе биде повторно активна година на музички план, нов албум, нови концерти, нови предизвици…

 
		      
		       
			                    
 
	             
                        
                    