Стотина социјално загрозени семејства од Кавадарци добија пакети со храна.
Банката за храна веќе е во функција во овој град.
Проектот се реализира со поддршка на локалната самоуправа, бизнис секторот и Банката за храна на Македонија…
Градоначалникот Митко Јанчев и општината Кавадарци обезбедиле простор за чување на храната и возило за нејзина дистрибуција до социјално ранливите семејства.