По вчерашната донација од 25.000 литри Изворска, рано изутринава компанијата Кожувчанка повторно испрати помош кон загрозените региони.
Компанијата го испрати својот камион со нови 25.000 литри Изворска за барем малку им помогне и им го олесни секојдневието на луѓето погодени од природната непогода.
Како општествено одговорна компанија, Кожувчанка ќе продолжи да донира во моментите на потреба и ги повикува сите да ја покажат својата хуманост со донирање на телефонскиот број 143 400.