Криси Тајген и Џон Леџенд го очекуваат своето второ детe!
Моделот убавата вест ја сподели преку видео на Инстаграм во кое главната улога и припадна на малата Луна.
По преслаткото видео, 31-годишната Криси објави и фотографија на која се гледа трудничкото стомаче.
„Многу сум возбудена што нема потреба да го кријам ова повеќе. На сите што им кажав на почетокот беа во стилот – ех, знаевме, благодарам.“
Во јануари годинава, Тајген откри дека нивното наредно дете ќе биде момче затоа што тоа е ембрионот што останал, па изгледа дека Луна ќе добие братче.