Криси Теиген и Џон Леџенд во неделата беа дел до Греми наградите, каде моделот го покажа своето бремено стомаче во совршена тоалета.
Еден ден подоцна Криси на Инстаграм објави фотографија со која го откри полот на бебето.
На истата моделот го држи својот стомак, а во описот стои: „Мама и нејзиното момче!“.
Криси по втор пат остана бремена со помош на инвитро, иако уште на самиот почеток се зборуваше дека таа носи момче, сега информацијата е официјално потврдена.