Состојки:
2 јајца
1 коцка квасец
1 чаша јогурт
1 кг брашно
300-350 мл вода
½ лажичка сол
5 лажици шеќер
200 г шеќер во прав
100 мл масло за јадење
Подготовка:
Во топлата вода растопете го квасецот и сипете го јогуртот. Потоа додајте ги солта, брашното, маслото за јадење и јајцата. Замесете тесто и оставете да отстои десетина минути.
Развлечете кора од тестото и со чаша вадете ги крофните. така обликувани оставете ги уште десетина минути да отстојат, па потоа пржете ги во врело масло.
Готовите крофни посипете ги со шеќер во прав, полнете ги со готварски шприц по ваша желба – мармалад, еурокрем..