Нема ништо поубаво од тоа кога наутро ќе се почуствува мирисот на свежо печен домашен леб кој се шири во домот.
Но, за жал често немаме време сами да месиме леб и некако ни се чини дека е многу полесно да отидеме до супермаркет и да одбереме некој по наш вкус.
Што ако ви кажеме дека постои леб кој се подготвува брзо, а притоа не се меси?
Состојките кои ќе ви бидат потребни се следниве:
– 2 2/3 шоља брашно, 1 кесичка сув квасец, 350 мл пиво
Подготовка:
Најпрво вклучете ја рерната на 200 степени добро да се загрее. За тоа време во чинија измешајте ги пивото и брашното со квасец. Кога ќе добиете компактна смеса, ставете ја во тава и оставете да се пече.
Кога кората ќе стане кафеавкаста, вашиот леб е готов.