Лејди Гага синоќа настапи на полувремето на американскиот Супербол и направи феноменално шоу.
Познатата пејачка го започна својот перформанс спуштајќи се од кровот додека 300 дронови во воздухот го правеа американското знаме.

Гага во текот на 13-минутниот настап ги изведе своите најголеми хитови меѓу кои и Million Reasons, Born This Way, Telephone and Poker Face.

Експлозија имаше и на сцената, каде што буквално се гореше додека Гага ја изведуваше енергична кореографија придружена од својот тим.

Видеото од целиот перформанс на пејачката може да го погледнете ТУКА!

