Луѓето кои ја користат опцијата snooze, односно го одложуваат будењето, обично се сметаат за мрзеливи и спанковци, но едно истражување не се сложува со ова.
Британски научници дошле до заклучок дека луѓето кои ја користат ова опција се поинтелегенти, креативни и со повеќе енергија.

Се претпоставува дека копчето snooze го користат ночните птици, зошто нив им е најтешко да станат сабајле, па затоа е потребно алармот да им ѕвони повеќе пати.
Биолошки сме предиспонирани да се будиме рано и да си легнуваме рано, па затоа научниците сметаат дека употребата на snooze е поради поголемата интелегенција и адаптацијата.

