Директно од природата на вашата маса, во месец мај може да се најдат примероци од најздравата и највкусна храна.
Во мај пристигнуваат јагодите и уште подобро раното овошје, а на тезгите и ливадите може да се најдат зелени листови кои имаат осум пати повеќе корисни материи отколку класичната зелена салата.
Запознајте се со некој од најздравите намирници.
1. ЈАГОДИ
Одличен извор на витамин Ц, па во 150 грама ќе ја добиете потребната дневна доза на овој витамин. Со јагодите во организмот ќе внесете и витамин А кој е потребна доза на калциум, калиум, фосфор, магнезиум и железо. Освен тоа, јагодите ги негуваат коските и зглобовите, а имаат и моќ на антиоксиданс. Го заштитуваат телото од рак и ги чуваат крвните садови од запушување и слободни радикали. Ако е возможно, јадете јагоди од сопствената градина или од органско потекло купени на пазар.
2. ЦРЕШИ
На почеток на сезона може да бидат ужасно скапи, но љубителите може да си дозволат барем да пробаат. Не содржат многу витамин Ц како јагодите, но затоа се богати со други антиоксиданси. Содржат витамин Б и А, а може и да ги деактивираат канцерогените материи – антоцијанин и мелатолин. Наведените состојки му помагаат на организмот и во борбата против ракот, штитат од срцеви заболувања, ја намалуваат болката, а наводно се добри и против главоболка. Уживајте во црешите кои може да ви го подобрат вашето здравје.
3. РОТКВИЦИ
Имаат малку калории, а полно витамини и вода. Конзумирајќи ги, подолго ќе се чуствувате сити. Потрудете се редовно да ги вметнувате во салата.
4. РУКОЛА
Содржи околу осум пати повеќе калциум , пет пати повеќе витамин А, Ц и К и четири пати повеќе железо од обичната зелена салата. Додадете ја во својта салата или готвените јадења, но најубаво е да ја јадете свежа.
5. МЛАД КОМПИР
Што се разликува кај младиот и стариот компир? Младата верзија содржи повеќе шеќер, витамин Ц и вода, а старата повеќе скроб. Гответе го и печете со кора бидејќи така ќе ги задршите витамините. Веќе долго време се знае дека компирот е намирница против реума, а се користи и при лекување на слузницата на желудникот – во тој случај се употребува како сок од компир.