Мајката на Роналдо откри дали неговата девојка е бремена

Португалското списание „Флеш“ се обиде да земе изјава од Долорес Сантош, мајката на Кристијано Роналдо за гласините дека девојката на фудбалерот е бремена.

„Тоа се само глупости. Тој едноставно си ја ставил раката врз нејзиниот стомак. Освен тоа колку што јас знам Роналдо нема да има повеќе деца“, објаснува Долорес.

Во медиумите почна да се зборува за наводната бременост откако ѕвездата на Реал Мадрид на Инстаграм сподели фотографија со Георгина Родригез на која нејзиното стомаче изгледа поголемо од вообичаено.

❤️️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on