Мажите се емоционално незрели до својата 43-та година, а стануваат возрасни личности 11 години по жената.
Анкетата со која се истражувани половите различи, открила дека и мажите и жените се согласуваат дека посилниот пол е незрел до доцните 30-ти и 40-ти години.
Наспроти ова, просечната возраст на која жените стануваат зрели личности е 32 години.
Алармантно е што 8 од 10 жени веруваат дека мажите никогаш нема да престанат да бидат детинести.
Мажите дури и за сами себе велат дека се незрели, додека ист број жени веруваат дека тие се „возрасниот“ во нивната врска.
Дури 46% од жените велат дека имале врска во која се чувствувале како мајки на својот партнер.