Меган Маркл во мај официјално ќе стане новиот член на британското кралско семејство.
Но, мноу пред да стане вереница на принцот Хари, актерката носела тиара.
На интернет се појавија фотографии од нејзината матура, на која таа била избрана за кралица.
На фотографијата среќната Меган ја носи својата прва тиара.
Па ако се земе во предвид кралскиот протокол сега засега тоа и е единственото носење, бидејќи Меган не смее да стави тијара.
Традицијата во Велика Британија забранува немажените жени да носат тијари и тоа е главната причина.
Кејт Мидлтон веднаш по стапувањето во брак со принцот Вилијам го доби правото да носи тијара, а Меган ќе може да го прави тоа од мај годинава, кога ќе се омажи со принцот Хари.

