Меган роди машко, соопшти принцот Хари

Војвотката од Сасекс роди момче, објави војводата од Сасекс.

Среќниот Хари рече дека се „апсолутно возбудени“ и ѝ се заблагодари на јавноста за поддршката.

Тој рече дека Меган и бебето се „исклучително добро“ и додаде дека сѐ уште размислуваат за името на новороденчето.

Бакингамската палата соопшти дека бебето тежи 3,2 килограми и дека војводата бил присутен на раѓањето.

„Кралицата, војводата од Единбург, принцот од Велс, војвотката од Корнвол, војводата и војвотката од Кембриџ, леди Џејн Фелоес, леди Сара Мекоркодејл и ерлот Спенсер се информирани и се воодушевени од веста“, се вели во соопштението.

„Мајката на војвотката, Дориа Рагленд, која е пресреќна поради доаѓањето на нејзиниот прв внук, е со нивните кралски височества во Фрогмор котиџ“.

Врамено известување за раѓањето е поставено на екран на церемонијалниот триножник во дворот на Бакингемската палата.