Милиони: Ова е сумата која ја платил Роналдо за сурогат-мајка

Ѕвездата на Реал Мадрид со сите сили се труди својот приватен живот да го задржи подалеку од оќите на јавноста, но британските и португалските медиуми дојдоа до информации за деталите од неговиот семеен живот.

Роналдо има 6-годишен син Кристијано Џуниор, кој е роден од сурогат мајка чие име е непознато, а португалските медиуми пишуваат дека мајката за дискрецијата добила 12 милион евра.

Неодамна се дозна дека Роналдо очекува близнаци, кои му ги носи друга сурогат мајка, чиј идентитет е исто така непознат.

Жената која ќе му ги роди близнаците живее во Сан Диего, а неа и платил дури 17 милиони евра за да молчи.

Фудбалерот планира сам да ги одгледува близнаците, исто како и Џуниор.