Мини хот дог кифлички

Состојки:

250 мл јогурт
250 мл павлака
250 мл млеко
250 мл вода
½ квасец
3 јајца
125 мл масло за јадење
1 лажичка сол
2 лажички шеќер
800 гр. ЕКСТРА БЕЛО брашно тип 400 од Жито Лукс
250 гр. маргарин
2 пакувања големи виршли или едно големо пакување мали виршли

Подготовка:

Во сад измешајте ги водата, млекото, солта, шеќерот, квасецот и 4 лажици од брашното. Смесата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки. Кога смесата ќе нарасне, додадете го јогуртот, павлаката, 2 јајца, маслото за јадење и останатото брашно и замесете тесто.

Ставете ги виршлите да се сварат, а откако ќе се сварат отстранете ја лушпата. Доколку виршлите се големи исечете ги на три дела.

Од тестото сукајте голема тенка кора која ќе ја премачкате со маргарин и ќе ја исечете на долги тенки ленти. Ставете по една сварена виршла на крајот на лентата и виткајте во ролат. Секоја кифличка премачкајте ја со разматено јајце.

Печете во загреана рерна на температура од 180 степени околу 20 минути.

хот дог кифлички