Светозар Живиќ, 15- годишниот велосипедист од Кавадарци ја извози велосипедско пешачката патека Моклиште со својот велосипед на едно тркало.
Целта е граѓаните на Општина Кавадарци да ја користат изградената инфраструктура и да водат поздрав живот.
Светозар упатува предизвик:
– “Кога можам јас на едно тркало , можете и вие пешки”!
Рекреативната патека во Кавадарци го поврзува Ваташа со споменикот на „12 ваташки младинци“ , излетничкото место „Браната“ се до старата моклишка воденица, а минува низ прекрасна природа на двата брега на реката Луда Мара.
Патеката наменета за велосипедисти и пешаци е целосно осветелена со 200 лед-светилки, има пет одморалишта опремени со клупи, а некои од нив и со фитнес-справи, фонтани, пинг-понг табли и пумпа за гуми.