Секоја трудница може да изгледа модерно, и во чекор со актуелните трендови, а сепак да се чувствува комфорно во својата облека.
Блогерката Рејчел Парсел, која е бремена со своето второ дете, постојано споделува стилски совети и идеи.
„Дозволете му на вашиот карактер да блесне преку вашиот избор на облека, забавувајте се со тоа и не плашете се да пробате нови работи“ – советува познатата блогерка.



„Никогаш не би ни сонувала дека толку многу жени и млади девојки ќе се заинтересираат за тоа што го носам“ – вели Рејчел.


Како стилски икони на кои се огледува, Парсел ги издвојува Одри Хепберн, Џена Лајонс и Оливија Палермо.








