Шакира е осомничена за затајување данок во Шпанија, а доколку наводите се покажат како точни, таа може и да се најде зад решетки.
Шпанските даночни власти тврдат дека пејачката не го платила целосниот износ од данокот на приходи, по што наложија истрага во врска со нејзините финансии од 2011 до 2014 година, објави каталонскиот весник „Вангардија“.
Даночната агенција на Шпанија соопштува дека поради тоа што Шакира во тоа време живеела во Шпанија, требало да плати данок не само приходите остварени во земјата, туку и за заработката стекната надвор.
Државните обвинители треба да утврдат дали постои основано сомнение за подигнување обвинение.

