Со најновата истрага француската полиција украдените скапоцени камења на Ким Кардашијан ги поврзала со исламските џихадисти.
Скапоцениот накит којшто бандата крадци го украдоа од американската старлета и ријалити ѕвезда во парискиот луксузен хотел на почетокот на октомври минатата година завршил кај маж кој тесно соработува со терористите, открил извор близок на Интерпол, а пренесува американскиот портал „Радар онлајн“.

Кога полицијата почнала да ги приведува сомнителните, Ким Кардашијан се надевала дека кога-тогаш ќе ѝ биде вратен украдениот накит вреден 10 милиони долари, но сега веќе не е толку оптимистична.
Старлетата наводно се избезумила кога дознала дека нејзиниот накит, вклучувајќи го и свршеничкиот прстен, завршил кај џихадистите.
Наводно се плаши дека и самата би можела да стане мета на терористите, особено откако јавно се залагаше за Ерменија, од која влече корени од страната на татко ѝ.

