Облачните и студени зимски денови многупати знаат да предизвикаат чувство на непријатност и незадоволство.
Најчестата причина за тоа е недостатокот на витамин Д во организмот.
Во лето, сонцето ве снабдува со доволно витамин Д, но во зимските месеци треба сами да се грижите за тоа преку исхраната.
За да успеете во тоа и да се чувствувате добро во текот на зимата, треба почесто да ги јадете овие неколку намирници:
Лосос
Лососот е богат со витамин Д. Со отприлика 90 тина грама зготвен лосос, покриена е речиси целата препорачана дневна доза на витамин Д.
Јајца
Јајцата содржат многу витамини и минерали, но витаминот Д се наоѓа само во жолчката. Не ги избегнувајте жолчките доколку држите диета или ако внимавате на калориите.
Mлеко со низок процент на масти
Освен што кравјото млеко содржи многу калциум, богато е и со витамин Д. Една чаша содржи околу една шестина од препорачаната дневна доза.
Печурки
Печурките се богати со витамин Д, иако количината може да варира во зависност од видот.
Сок од портокал
Со свежиот цеден сок од портокал ќе ги задоволите дневните потреби на витамин Д.