Наполни 22-години: Еве како Џиџи Хадид го прослави роденденот

Џиџи Хадид го прослави својот 22-ри роденден, а кога си светски топ модел честитките и подароците пристигнуваат од сите страни.

Моделот роденденот го прослави вчера во интимна атмосфера, опкружена со семејството и нејзиното момче Зајн Малик.

Музичарот реши да ја изненади својата девојка и и подари букет рози, торта, а роденденот и го честиташе и на Инстаграм.

Зајн објави заедничка фотографија и напиша:

„Среќен роденден на моето се“.

Џиџи доби и еден куп подароци од нејзините соработници и дел од нив објави на Инстаграм.

Среќен роденден Џиџи!