Џиџи Хадид го прослави својот 22-ри роденден, а кога си светски топ модел честитките и подароците пристигнуваат од сите страни.
Моделот роденденот го прослави вчера во интимна атмосфера, опкружена со семејството и нејзиното момче Зајн Малик.



Музичарот реши да ја изненади својата девојка и и подари букет рози, торта, а роденденот и го честиташе и на Инстаграм.


Зајн објави заедничка фотографија и напиша:
„Среќен роденден на моето се“.

Џиџи доби и еден куп подароци од нејзините соработници и дел од нив објави на Инстаграм.
Среќен роденден Џиџи!

