На интервју со дедо овојпат ја имаме младата фудбалерка Наташа Андонова.
Оваа талентирана внука моментално е во Шведска каде што игра за ФЦ Розенгард.
Фудбалерката на дедо е одлична во овој навидум машки спорт, но по нејзините успеси таа го докажува сосема спротивното.
Погледнете што Наташа имаше да му каже на дедо.
Дедо: Мила внуко ФЦ Розенгард е твојот тим каде што моментално играш. Професионалните ангажмани те преселија во Шведка. Колку ти фали домот?
Наташа: Точно е дедо дека мојот клуб моментално е Розенгард од Шведска и ја сум тука веќе година и половина.
На почетокот кога се преселив во Германија каде што почнав професионално да се бавам со фудбал имаше периоди кога навистина ме фаќаше носталгија за дома но желбата за фудбал,докажување и вербата во тоа што умеам да го работам ми беше посилна, а со тоа ја намалив носталгијата бидејќи немав многу време за размислување и бев исполнета со професионални обврски.
После 6 години ситуацијата е малце сменета во делот на носталгијата бидејќи сега се чуствувам убаво во Шведска и во клубот така да ова ми е втор дом.
Дедо: Внучке знаеш дека за фудбалот се вели дека е најважната споредна работа во светот. Колку за тебе тоа е така?
Наташа: Знаеш дедо за мене фудбалот и кариерата се моментално најважните работи во животот бидејќи се бавам професионално со тоа.
Дедо: Кажи му на дедо како е да се биде жена, во генерално машки спорт?
Наташа: Знаеш дедо можеби во Македонија е генерално машки спорт, но додека во Европа и Светот ситуацијата за женскиот фудбал е скроз различна со тоа ќе додадам дека јас се бавам професионално и со самото тоа докажува дека женскиот и машкиот фудбал во Европа и светот е скоро ист
Дедо: Кажи му внуке на дедо за кој фудбалски тим навиваш?
Наташа: Мил дедо јас сум голем навивач на Реал Мадрид.
Дедо: Фудбалерке на дедо како дојде твојата соработка со „Синалко“?
Наташа: Дедо се запознав со Генералниот директор на Кожувчанка ДОО Митко Јанчев, бев прекрасно примена и имам само пофални зборови за тимот на Кожувчанка со кој дојдовме до успешна соработка.
Дедо: Внуко „Синалко“ слават 111 години постоење, па кажи му на дедо кој вкус ти е омилен?
Наташа: Да знаеш дедо повеќе вкусови ми се омилени но Синалко Фреско ми е најомилен.