Еден Французин повеќе од месец дена во новчаникот чувал лото ливче, мислејќи дека освоил 5.000 евра, но кога влегол во лотаријата дознал дека добил 73 милиони евра.
Среќниот добитник, од североистокот на Франција, кој играл на лотаријата „Евромилион“ на интернет, едноставно заборавил да ги провери броевите, но кога конечно тоа го направил на вообичаеното продажно место му било кажано дека неговата добивка надминува 5.000 евра и дека треба да се обрати во централа.
„Да се јавев три недели подоцна не би добил ништо. За среќа се добро заврши. Кога само ќе помислам дека не бев свесен дека повеќе од месец во паричникот носам лото ливче вредно 73 милиони евра“, рекол тој.
