Неколку причини зошто е добро да се напиете чаша пиво!

Пивото е едно од најпопуларните и најстарите пијалаци во светот.

Многумина го сметаат за течна храна. Енергетската вредност на еден литар стандардно пиво одговара на енергетската вредност на еден литар млеко.

Пивото има позитивно влијание на физичкото здравје, под услов да се консумира умерено и одговорно.

Еве неколку позитивни ефекти на пивото врз нашиот организам.

Пивото е богато со витаминот Б6
Пивопијците имаат за 30 проценти поголемо количество на Б6 во крвта од оние кои не го пијат овој пијалак. Исто така, обожавателите на пивото, во споредба со оние кои пијат црвено вино, имаат двојно повеќе витамин Б6 во организмот.

Пивото го намалува ризикот од појава на болести на срцето
Истражувањата покажуваат дека умерената консумација на пиво го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Причината за тоа лежи во моќта на пивото да го зголеми нивото на добриот холестерол, со што се намалува можноста за задебелување на артериите и згрутчување на крвта, што може да доведе до срцев удар.

Пивото го спречува создавањето на камења во бубрезите
Љубителите на пивото имаат за 40 проценти помалку шанси да добијат камења во бубрезите од оние кои не пијат пиво.

Пивото им помага на жените поубаво да стареат
Умерената консумација на алкохол помага во зачувувањето на густината на коските и на менталната способност кај повозрасните жени.мФлаваноидите во хмељот, главната состојка на пивото, имаат слични својства како естрогенот, па можат да послужат како природен надомест на хормоните кај жените во менопауза.

Пивото влијае во спречувањето на појавата на рак
Хмељот содржи и ксантохумол, состојка која уништува одредени ензими во организмот кои можат да предизвикаат појава на рак и му помага на телото во борбата против појава на оваа болест.