Американскиот актер Бен Афлек, среќата во љубовта ја бара на мобилната апликација Реј.
Со помош на апликацијата Афлек се обидува да договори средба со потенцијално совршената партнерка.
„Се чини дека тој сака да најде вистинска партнерка. Не сака да излегува со славна личност. Тој е прилично затворен и во моментов е во добра фаза“, изјави извор за Page Six.
Пред неколку недели Афлек беше виден како се дружи со млада бринета во хотелот „Бел-Ер“. “Се чинеше невино, како на прв љубовен состанок. Беше добро расположен, и двајцата се чинеа заинтересирани. Немаше бакнување или слично. само вечераа”, изјавил извор за Page Six.
Друг извор вели дека Афлек го напуштил Реј и дека тој често одржува деловни состаноци во хотелот.
Актерот беше виден на вечера со вдовицата на Стив Џобс, Лорен Пауел Џобс, на почетокот на овој месец. Афлек и Пауел Џобс, наводно, вечерале во ресторанот Џорџо Балди во Санта Моника, САД три часа, но извори за Page Six изјавиле дека таму нема ништо. „Тие се пријатели долги години“, изјавил еден извор.
