На радарот на Националната метеоролошка служба во Калифорнија се појавила огромна „дамка“.
Првичната претпоставка дека се работи за облак се покажала како неточна.
Имено, рој бубамари се ширеле над небото летајки на височина меѓу 1,5 и 2,7 километри а групата со најголема концентрација била широка 16 километри.
Научниците сметаат дека оваа појава се должи на сезоната на парење на бубамарите кои мигрираат од планината Сиера Невада кон долините , каде има и повеќе храна.