„Oчајната домакинка“ за прв пат го покажа својот едномесечен син

Ева Лонгорија е горда мајка на мало момче. Популарната актерка од серијата „Очајни домаќинки“ ја сними првата фотосесија со своето синче за списанието Hola! USA.

На насловната страна на списанието, Лонгорија е радосна додека го држи во раце малиот Сантијаго Енрике Бастон.

43-годишната холивудска ѕвезда се породи на 19 јуни. Ова е прво нејзино дете со Хозе Пепе Бастон, со кого е во брак од мај 2016 година.