Оптичките илузии на овој фотограф ќе ве натераат да си ги „протриете“ очите

Ерик Џохансон (30), Швеѓанин кој живее во Берлин, стотина фотографии спојува во една оптичка илузија која е толку уверлива што ќе ви треба време да утврдите што е реално, а што не.

За да направи една оптичка илузија, Џохансон мора со месеци да фотографира детали кои потоа внимателно се вклопуваат со помош на компјутер.

Тој има талент досадните пејзажи да ги претвори во, како што вели, „надреални глетки со доза на хумор“.

– Јас не ги бележам моментите, туку идеите, вели овој гениј за Фотошоп.

фотографии

Тој прави автомобилите наизглед да возат наопаку и ги брише границите меѓу екстериерот и ентериерот. Се што ќе замисли, тој умее и да го претвори во своевидно уметничко дело.

Фотографии

– Ме инспирираат секојдневни предмети и појави. Тајната е во заземањето на поинаква точка на гледање, вели тој.

Фотографот инспирацијата ја црпи од легендарните уметници како Салвадор Дали. На официјалниот сајт на фотографот можат да се купат неговите дела.

фотографии

фотографии

фотографии

 

Видео: Вака настануваат фотографиите на Ерик Џохансон