Осум работи кои луѓето не можат да ги направат

Нашето тело е направено на таков начин што некои работи е невозможно да се направат, а ниту да се пробуваат.

Лижење на лактот

Откако ова го читаат 99% од луѓето веднаш тоа и го пробуваат. Гинисовата книга на рекорди секојдневно добива пет пријави од луѓе кои тврдат дека можат да си го лижат лактот.

лижење лакт

Мрдање со ушите

Научниците се уште не се целосно сигурни зошто е тоа така, но одговорот можеби лежи во нашите мускули. За разлика од другите мускули, оние кои водат до уштие имаат центар во мозокот, кој секако е многу помал од сличните центри кои го имаат глувците или мачките. Сепак тоа е вештина, која исто како и подигањето на веѓата, може да се тренира.

Допирање на носот или брадата со јазик

Станува збор за генетска мутација која ја имаат 10% од светската популација. Ова е вродена телесна карактеристика, па ако случајно ја немате, а цврсто сте одлучиле ова да го пробате, проверете има ли некој околу вас кој би можел да ви се смее.

допирање нос

Парализиран прст

Совиткајте го средниот прст под дланката и раката положете ја на маса. Сите прсти ќе можете да ги померите, освен домалиот. Работата е во тоа што останатите тетиви се самостојни, а за домалиот се поврзани.

рака

Вртење на јазикот

Постои теорија според која тоа го можат луѓето со доминантни гени, но неодамнешно истражување потврдува дека и околината игра голема улога.

Скокоткање со самиот себе

Сите ги имаме тие точки кои нашите родители или роднини го откриле кога сме биле деца. Меѓутоа, зошто не сме скокотливи кога сами се допираме по тие места? Одговорот се крие во малиот мозок, кој одговара за движењата па може да предвиди и однапред да го ублажи чувството на скокотливсот ако станува збор за наше движење.

голицкање

Трик со нога

Мислите дека можете да правите две работи истовремено? Обидете се додека седите на столица да ја подигнете десната нога од подот и да почнете да ја вртите во правец на движење на стрелките на часовникот. И додека тоа го правете со десната рака напишете го бројот 6. Што се случува? Вашата нога го менува правецот.

Да се задавите со задржување на воздухот

Физички е невозможно да извршите самоубиство со задржување на воздух затоа што имаме рефлекс на длабоки издишувања со кои ги исфрламе гасовите како јаглерод диоксид од белите дробови. Дури и ако со сила се обидете да го прелажете тој рефлекс може само да се онесвестите поради недостаток на кислорот во мозокот, но веднаш потоа нормално ќе дишете.