Ова не го јадете доколку сте “гладни како волк”

Секој од нас бил толку гладен што би јадел прво што ќе ни падне во рака.

Кога е желудникот празен, киселината и болките во стомакот се загарантирани.

Поради тоа експертите препорачуваат во никој случај да не јадете луто кога желудникот ви е сосема празен.

Ако до вас имате јогурт или млеко, тие би биле најдобрата варијанта за да го обложат желудникот.

Сигурно е дека треба да избегнувате јаболка и круши, бидејќи ќе ви биде уште полошо и ќе чувствувате поголем глад.

Нутриционистите советуваат да каснете јаткасто овошје или сирење и кашкавал.

На грицки не ни помислувајте.

Ако сте гладни како волк, грицките нема да ви помогнат воопшто.

Подобро каснете мал сендвич, отколку да се залажувате со грицки.

Кафето ни случајно не треба да го помислите.

Тоа само ќе го иритира желудникот, а може да почувствувате и силни болки.