Оваа баба го прекршила полицискиот час во Србија, нема да верувате каде била (видео)

Поради состојбата со корона вирусот, многу држави беа принудни да го ограничат движењето на граѓаните воведувајки полициски час.

И во соседна Србија воведена е вонредна состојба, како и посебни мерки за заштита на граѓаните.

Една од нив е и на лицата постари од 65 години во градските средини и на лицата постари од 70 години во руралните средини целосно им е забранет излез од нивните домови.

Сепак, една баба била ‘фатена’ надвор од својот дом, во центарот на Белград.

На една од многубројните снимки кои што постојано се појавуваат на социјалните мрежи, а поврзани со вонредната состојба во земјите, го слушаме полицаецот како ја прашува бабата зошто е надвор сред вонредна состојба?

„Еве, си одам дома. Бев на час по англиски кај мојата пријателка која што има слободно време“ – изјавила бабата.

Погледнете го видеото: