Овие лоши навики предизвикуваат ноќ без сон

Непотребно е да зборуваме колку сонот му е неопходен на човекот, тоа многу добро го знеме сите.

Ноќта помината без сон негативно се одразува на расположението, функционирањето и здравјето.

Постојат навики кои можат да го пореметат сонот, а ние ви пренесуваме неколку од нив.

Храна

Истражувањата покажаа дека нередовните оброци имаат негативно влијание на сонот. Доколку вечерате подоцна, задржете го дој ритам секој ден, а доколку не е тоа случај, избегнувајте било каква храна во доцните часови.

Вода за испирање на устата со вкус на ментол

Ментолот го стимулира мозокот и не одржува будни. Ако имате проблем со сонот, пробајте да користите антибактериска вода за испирање на устата која имаа некој друг вкус.

Читање непосредно пред спиење

Возбудливите, емотивни и интелектуелно тешки активности непосредно пред спиење предизвикуваат неквалитетн сон. Ако веќе не можете без читање во кревет, прочитајте спортски вести или забавно списание.

Цигари

Никотинот е стимуланс поради кој тешко се заспива. Доколку не можете без цигари, потрудете се да ја испушите последната цигара за тој ден барем еден час или два пред спиење.

Ладна вода

Ладната вода ги затвара порите, но го стимулира телото, поради што се ослободува енергија која го загрева. Тој процес не држи будни. Лицето навечер исчистете го со топла вода.