Памук кифлички со џем

Состојки:

2 јајца
2 дл масло
3 дл млеко
1 лажица сув квасец
100 гр шеќер
700 гр брашно
Фил:

200 гр шеќер
3 дл вода
Подготовка:

Во 3 дл млако млеко ставете една лажица сув квасец и 100 гр шеќер. Потоа додадете 2 јајца, 2 дл масло и брашно, па замесете тесто. Тестото добро обработете го и оставете го да надојде. Откако ќе надојде, поделете го на пет делови. Секој дел исукајте го во круг и исечете го на осум триаголници. На секој тријаголник од тестото ставете по една лажичка џем и завиткајте го во кифличка. Така направете со сите делови од тестото. Кифличките оставете ги на страна 15 минути и печете ги на 200 степени додека не поруменат. Во меѓувреме направете сируп: во сад ставете шеќер и вода и варете 4-5 минути откако ќе зоврие. Печените кифлички топли потопете ги во подготвениот сируп ( не требе да стојат во сирупот, само да се натопат од едната и од другата страна). На крај по желба попрскајте ги со кокос.
Кифличките повеќе денови стојат меки како памук.
Добар апетит !