Состојки:
250 грама тиквици,
200 грама црвена пиперка,
250 грама домати,
една лажица мешан сув зачин,
1 лажица маслиново масло,
200 грама сирење.
За сос:
2 лажици сецкан босилек,
3 лажици маслиново масло,
1/2 лажица лук во гранули,
прстофат мелен синап,
1 лажица оцет,
бибер
Подготовка:
Тиквиците, пиперките и доматите исечете ги на кришки, посипете ги со зачин и попрскајте ги со масло. На тава пропржете го подготвениот зеленчук. Босилокот помешајте го со маслиново масло, синапот, лукот, оцетот и биберот. Топлиот зеленчук послужете го во чинија, по него распоредете го сирењето и прелијте го со подготвениот прелив.

