Истражувањата покажаа дека пивото е многу корисно за здравјето. Секако, треба да се внимава да не се претера.
Пивото може да ве заштити од Алцхајмеровата болест, помага при намалување на тежината и го намалува ризикот од срцеви болести.
Во спроведено истражување се утврди дека умерените „пивопијци“ имаат дури 42 отсто помали шанси да заболат од срцеви болести.
Според списанието „Men’s health“, едно шише пиво дневно (половина литар) може да го намали ризикот од појава на камен во бубрег дури 40 отсто.
Научниците открија дека силициумот кој се наоѓа во пивото го намалува внесот на алуминиум во дигестивниот тракт и го забавува собирањето на метал во организмот и мозокот што е добар борец против Алцхајмеровата болест.
Што се однесува до „ пивскиот стомак“, научниците велат дека нема докази дека пивото дебелее. Дури тврдат дека помага за губење на вишокот на килограми.
Конзумирањето на пиво ја подобрува работата на жолчката, што помага во варењето на мрсната храна.
И покрај доказите за здравствените предности на пивото, сепак треба умерено и одговорно да се конзумира.