Перо Антиќ приреди вистинско шоу за гледачите во салата во Истанбул откако Фенербахче ја освои круната во Лигата на шампионите.
Антиќ му ја скрати косата на Италијанецот Луиџи Датоме, кој го испочитува ветеното и дозволи да му биде скратена косата пред преполната сала.
Македонскиот кошаркар малку се намачи додека го исече репчето на Луиџи, но секако на крајот успеа во тоа.
Инаку, синоќа Фенербахче победи во финалето од Евролигата во кошарка откако си обезбеди победа од 80:64 против тимот на Олимпијакос.
За Перо Антиќ тоа беше трета круна во најсилното клупско натпреварување.
