Погребан Честер Бенингтон, фронтменот на Линкин Парк (фото)

Честер Бенингтон беш погребан во близина на неговиот дом во Палос Верде во Калифорнија.

Стотина луѓе присуствуваа на погребот на музичарот во саботата, на кој имаше поставено и бина за последен поздрав за фронтменот на Линкин Парк.

Погребот беше организиран во кругот на најблиското семејство и пријателите.

Само за потсетување, Честер беше пронајден обесен во неговиот дом во Калифорнија. Сеуште не се познати причините за самоубиството.