Поради ова сте вистински магнет за комарци

Ако некогаш сте спиеле со некој во иста соба, но следното утро само вие сте биле прекриени со убоди, веројатно сте помислиле дека комарците специјално ја сакаат вашата крв – и во право сте.
Генетски материјал
Гените делумно се виновни за тоа што некои од нас привлекуваат комарци.

Одредени видови на бактерии кои нашата кожа ги создава посебно е привлечна за комарците, како што и одредена крвна група им одговара.

Комарците најмногу ја сакаат крвната група 0.
Дишење
Комарците одат кај луѓе со забрзан метаболизам кои често дишат, затоа што испуштаат повеќе јаглен диоксид. Комарците од иста причина одат и кај трудниците, како и кај мажите (затоа што се крупни и испуштаат повеќе јаглен диоксид).

Зошто јаглен диоксид? Одговорот е едноставен – комарците го имаат чуството за таа спојка затоа што така го пронаоѓаат изворот на храна – нас.
Претерано потење
Комарците се привлечени од бактериите и хемиските дејства кои се наоѓаат во нашата пот, меѓу нив и млечната киселина. Комарците исто така се привлечени и од телесната топлина.
Парфеми со мирис на цвеќе
Иако сеуште не е научно потврдено дека комарците се привлечени од мирисот на цвеќе, постои основа за таа идеја. Имено, само женските комарци пијат крв затоа што им треба за јајцата, а мажјаците се хранат со цветен нектар.
Недостаток на заштита
Ако две ноќи со ред сте поминале мавтајќи во темница за да ги избркате комарците кои ви зујат околу главата, добри се шансите досадниот комарец да продолжи да се појавува. Немојте да бидете мрзливи и едноставно купете некое средство за заштита. Посебно добро намачкајте ги стапалата, рацете и нозете.

Многу луѓе мислат дека комарците одат кај зглобовите, но тоа е така само затоа што во тие подрачја имаме повеќе нервни завршетоци па тие убоди повеќе ни пречат.
Ако веќе ве каснал комарец:
Немојте да се чешате. На местото на убодот ставете водена вреќичка чај која сте ја изладиле. Ладното помага при непријатното чуство на чешање, а танинот во чајот ја извлекува течноста од раночката.