Поспана и во пижами: Кејти Пери пред концертот на Ариана Гранде

По терористичкиот напад на нејзиниот концерт, Ариана Гранда се врати во Манчестер каде имаше свој настап кој имаше хуманитарна цел.

Средствата собрани од овој концерт насловен One Love Manchester се наменети за семејствата кои настрадаа во нападот.

На овој концерт настапија многу ѕвезди меѓу кои Џастин Бибер, Мајли Сајрус, како и Кејти Пери.

Еден ден пред настапот Пери беше забележана како пристигнува во Манчестер, а тоа го направи во пижами.

Поспаната поп ѕвезда на аеродромот се прошета во бањарка, со перница во рацете и поспано лице.