Бела Хадид моментално се наоѓа во Париз, каде се подготвува за своето деби на шоуто на “Victoria’s Secret”.
Таа сакаше да ја сподели својата возбуда со фановите на Инстаграм, па објави селфи во долна облека, покрај која напиша: “Добро утро! Возбудена сум поради Париз”.
Меѓутоа, наместо пофалбите кои најверојатно ги очекуваше, таа доби критики од своите обожаватели.
“Јади нешто”, “Премногу си слаба”, “Изгледаш болно“, се само дел од коментарите кои ги оставија фановите под фотографијата.
Покрај тоа, многумина ги насочија своите критики и кон брендот “Victoria’s Secret”, велејќи дека претходно ангажирале жени со облини, а сега ангажираат “костури”.
