Пресметајте колку чаши вода треба да пиете секој ден

Сите органи се состојат од вода. Срцето и мозокот содржат 73 %вода, а белите дробови се дури 83% вода.
Во светот важи општоприфатено мислење дека за да ги хидрирате сите органи, потребно е дневно да пиете по 8 чаши вода.
Овој број не е сосема точен, тој се смета за некоја златна средина, но всушност на вашето тело може да му се потребни повеќе или помалку од 8 чаши вода дневно, што зависи од неколку фактори.

Имено на различна возраст, телото содржи различна количина вода и му треба различно количество за да биде хидрирано. И полот влијае на количината вода во телото.

Возрасните со поголем индекс на телесна маса имаат поголема веројатност да бидат дехидрирани.

Доколку живеете во топли предели, очигледно ви треба повеќе вода. Ако пак живеете во близина на море или океан каде што влажноста е поголема, на вашиот организам ќе му биде потребно помало количество вода.

Спортистите имаат потреба од поголемо количество на вода во текот на денот.

Како да пресметате колкава количина вода му треба на вашиот организам?

Постои формула што ќе ви помогне да ја пресметате количината вода што му треба на вашето тело:

Количината вода во литри што треба да ја пиете дневно е еднаква на вашата тежина во килограми помножена со 0,033.

Откако ќе ја пресметате количината, направете распоред што ќе ви помогне да пиете онолку вода колку што ви треба.

Добро е да го започнете денот со 1 или 2 чаши вода на празен стомак. Водата што ја пиете наутро го зголемува нивото на енергија и го забрзува метаболизмот, па така, ќе ви помогне да бидете расположени во текот на целиот ден.

Сепак, различните услови може да влијаат на овие податоци, па затоа е најважно првенствено да слушате што ви кажува вашето тело.