Бојана Атанасовска-Скендеровска наскоро ќе стане мајка за прв пат!
Македонската пејачка и водителка е во второто тромесечје од бременоста, а со сопругот Васко се во исчекување на нивната прва принова.
Атанасовска веќе ги завршува обврските и околу нејзината емисија „Улица Македонија“ и оди на породилно отсуство.
Инаку, Бојана и сопругот Васко нивната врска пред две години ја крунисаа со брак.

