Прв бакнеж во јавност: Принцот Хари и Меган Маркл се преслатки!

Принцот Хари и Меган Маркл вчера се појавија на ексклузивен поло настан, каде за прв пат во јавност разменија нежности.

32-годишниот принц се тргна од гужвата за да ја испрати својата девојка, која се појави во опуштено издание обидувајќи се да го скрие лицето со црни очила за сонце.

Хари во еден момент ја гушна Меган и за прв пат во јавност ја бакна.

Папараците го „фатија“ овој момент, а денес тоа е главната вест во британските медиуми.

Хари и Меган се преслатки!